Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Вкусни искушенија

Овој крај отсекогаш е познат по гостопримството, богатите гозби залеани со највкусно вино и со стара македонска песна.

Во близина на живописните Колешински водопади, кај топлите лековити бањи на Банско и неодоливите Смоларски водопади, во подножјето на планината Беласица се наоѓа ресторанот „Подгорски Ан“. Во ова отмено место направено во старомакедонски стил Вашата душата ќе доживее ренесанса. Тивкиот амбиент, чистиот воздух, прекрасните специјалитети и извонредните вина ќе ги надминат Вашите очекувања.

На Мокринските извори направете пауза за ручек и пробајте ги највкусните: тавче-гравче, традиционалниот струмички ајвар, струмички ќебапи, пинџур, зелник, аман бајалди... Најдобро приготвените традиционални македонски специјалитети залеани со прекрасно вино ќе можете да ги вкусите во и во ресторантот „Панорама“ во с. Мокрино.

Доколку сакате да го поминете Вашиот ручек во домашна атмосфeра, повелете во домот на фамилија Костадинови од s. Габрово. Овде ќе пробате вкусен ориз со домашен петел, печени пиперки и домати од домашно производство.

А сега во Бугарија. Кај Дафина во Барото ќе го откриете вистинскиот вкус на домашните јадења и десерти. Нејзината умешност за декорација ќе направи секој залак да Ви биде рај за очите и наслада за душата.

Може да отидете и на селски ручек кај кметот во Делчево. Таму ќе ве маѓепса мирисот на штотуку испечената баница, ќе го видите како гравот клокоти vo грне на отворен оган, а ќе ги пробате и највкусните делчевски компири.