Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Патот на камбаните

Постои верување дака гласот на камбаната го подмаладува човекот за една година. Можеби затоа луѓето од Струмичката котлина носат вечна младост во душата, а верата ги воздигнала во нив чувствата за мир, спокојство и силен христијански дух кој ги вдахновил да градат цркви и манастири во името на Бога и истите со векови да ги чуваат од налетот на времето.

Manastir

Манастирот „Св. Леонтиј“ во с.Водоча е сведок за мачеништвото и храброста на нашите предци, за нивната пожртвуваност за верата. Ќе Ве восхити фактот дека ова мало место било седиште на Струмичката епископија и дека токму овде се живописани најстарите и воедно највредните фрески кај нас. Со оваа библиско место е сврзана и легендата за грозоморното ослепување на четиринаесет илјадната Самоилова војска.

Manastir

Подигнат на бигорна карпа над с. Вељуса се издига „Св. Богородица Елеуса“, манастир кој во времето на византискиот император Алексиј I Комнен во првата половина на XIV век бил еден од ретките кој го носел епитетот „царски манастир“. Според архитектонското решение манастирската црква e единствената од таков вид во Македонија. Навистина мала по размери и речиси четвртаста, оваа црква со основа во форма на четирилисна детелина, во целост претставува исклучително вреден и луксузен уметнички објект опкружен со едноставноста на зелената градина. Овде монахињите ќе ви ги понудат своите уникатни ракотворби, лековити билки и ликери.

Комплексот цркви „Св.15. Тивериополски маченици“ во Струмица е една од најстарите ранохристијански базилики на Балканот. Таа всушност претставува комплекс од цркви од различни временски периоди од кои најстарата потекнува од IX или почетокот на X век што се открива по фрагментарно сочуваната фреска со ликовите на мачениците и прекрасните подни мозаици кои ќе Ве воодушеват со својата убавина. Воедно овде ќе имате можност да ја посетите и Галеријата на икони во која светците ќе Ви раскажат приказна за едно друго време.

А сега во Бугарија. Три пати е опожарuван хаџидимовскиот манастир “Св. Георги”, но иконата на светецот – воин останува недопрена. Токму оведе ќе ја слушнете легендата како од сон се создава манастир, но и ноќевајте овде за здравје.

Овде секое село си има своја црква. Не чудете се ако видите дека една до друга стојат стамено и мирно и црква и џамија. Овде религиите не си пречат.