Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Легенди и преданија

Во прекрасни преданија и легенди народот го сочувал споменот за славниte јунаци, за закопано златно богатство и за незгасливата надеж за поубав, магичен живот.

Цареви Кули

Цареви Кули

Во мугрите na денот, додека градот се уште спие, сонцето ги огрева Цареви Кули кои се издигаат како светилник над плодното Струмичко поле. За нив е сврзана една прекрасна легенда за предавството на убавата Струма, која поради љубовта кон византискиот војсководец го открила тајниот премин до Царевите Кули. Поради тоа предавство, Тивериополците влегле во тешка битка во која многу крв била пролеана, а таткото ја проколнал својата лековерна ќерка Струма кога ќе умре, земјата 9 пати да ја исфрла од гробот. Затоа и Струминиот гроб во с. Баница има 9 плочи.

Друго предание вели дека во близина на селото Водоча византијците ја ослепеле поразената Самуилова четиринаесет илјадна војска, што било причина и за смртта на Самуил. Срцето на владетелот не ја издржало трагичната глетка и пукнало, а селото во спомен на овој настан го добило името Водоча односно “вади оча”

Струмин Гроб

Струин гроб - Струмица

Една друга легенда, пак, говори за Момин бунар кој го изградил некој Турчин во спомен на неговата болна ќерка. Таа му оставила аманет после нејзината смрт, нејзината облека да ја продаде и од парите добиени за неа да изгради бунар.

На другата страна од границата, во Бугарија, Пирин планина е така величествена, и токму заtоa името и доаѓа од Перун – моќниот славјански бог на бурите и грмотевиците.

Легендарниот херој Крали Марко, со џиновски раст и храброст, ги оставил своите стапки на планините niz Бугарија, Грција и Македонија.

Градот на победата Никополис ад Нестум 14 века ја чува славата на древноримската епоха од античко време до сега.

И уште, и уште...