Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Фестивали и прослави

Веќе 15 години, во периодот од 08 до 11 септември, во Струмица се одржува Фестивалот на камерен театар „Ристо Шишков“ кој е од меѓународен карактер. На овој фестивал се доделува наградата за високо актерско достигнување.

Risto Siskov

Фестивал на камерен театар „Ристо Шишков“

Речиси 50 години во Струмица, од 01 до 20 август се одржува Меѓународната струмичка ликовна колонија на која секоја година учествуваат уметници од цел свет. Оваа колонија има збирка од 1900 уметнички дела кои се гордост за Струмица.

Во ноември, општината Василево секоја година го одржува фестивалот „Ден на празот“, со цел празот како култура да си го добие заслуженото место меѓу другите зеленчуци. Овде ќе можете да вкусите најразлични специјалитети од праз кои не сте ги сретнале до сега.

Ликовна колонија

Слика од Струмичка ликовна колонија

Во септември пак, на Колешинскиот водопад можете да станете дел од една прекрасна традиција. Дојдете да бидете сведоци на започнувањето на заедничкиот живот на многу млади парови, да присуствувате на групната венчавка под Колешинскиот водопад за заедно да им посакаме многу среќа и успех во заедничкиот живот на младите брачни парови, кои одлучиле најсвечениот и највеличествениот момент од својот живот да го имаат токму во прегратките на оваа природна убавина.

Во Бугарија нема човек кој не слушнал за магијата на пролетното рамнодение. Тогаш секоја билка добива сила, секоја магија се фаќа и секое гатање се остварува. Можете да се вклучите во празнувањето на фолклорните групи во Гоце Делчев, да пеете, танцувате и да се забавувате до зори во Делчево.

На Еновден, со Еновата невеста ќе ги обиколите нивите и лозјата заради плодност и добар бериќет, а таа ќе ви гата за здравје и среќа во Баничан.