
Маска од Струмичкиот карневал - Чарли Чаплин
„Дојдов до еден град, расположен во полето под еден висок рид и видов како таа ноќ маскирани луѓе претрчуваа од куќа во куќа, низ смеа, писок и песна“ – рекол познатиот патеписец Евлија Челебија кој поминувал низ овој дел од светот во 1670 година и се нашол во Струмица токму во времето на Карневалските игри кога духот на градот живее и дише во веселба и среќа.
Во сабота со маскембалот во хотелот Сириус и изборот на Принцот и Принцезата кои ја предводат карневалската поворка, традиционалното започнуваат случувањата поврзани со карневалските чествувања. Во недела, на христијанскиот празник Прочка е детскиот карневал, а после чистиот понеделник и традиционалното бело гравче, во вторник започнува главната карневалска вечер. Vо среда е „Тримери“, празникот на армасаните.
Маска од Струмичкиот карневал
Шетајќи низ преполните улици ќе ги сретнете хероите од приказните, божици и самовили, цареви и царици и кој ли уште не. Сакате да се забавувате? Дојдете на карневал во Струмица! Треба само да изберете маска. Заборавете ги грижите и секојдневните проблеми и дојдете да се придружите на оваа разнобојна прослава каде барем еден ден можете да бидете некој друг. Почувствувајте ја позитивната енергија околу Vас и не заборавајте да ја понесете камерата и да ги овековечите вашите доживувања. Станете дел од најдолгата, најлудата и најнезаборавната ноќ во Вашиот живот.