Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Обичаи и традиции

Неприкосновена е вистината дека народ без обичаи не е народ, а народ без минато нема своја иднина. Традиционалната културна историја е проткаена со голем број адети, обичаи и традиции.

На Коледе се палат Коледрски огнови од дабови гранки и слама како симбол на Витлеемската пештера, a во раните утрински часови коледарите со пеењето коледарски песни ги будат домаќините и ја пренесуваат веста за раѓањето на Божјото чедо со што започнува нов живот.

После Прочка повелете во Струмица на Тримери кај армасаните девојки каде ќе Ве послужат со посен ручек и “мрсни” песни. Додека пробувате од вкусниот чурек, сармите со сецкани ореви и зарде, жените ќе ви раскажат како се подготвуваат армасаните за свадбата. Ќе ви покажат како се вие каранфил и како се кити невестата.

А на Ѓурѓовден се берат цвеќиња, се плетат венчиња од зелени гранки и се пеат народни Ѓурѓовденски песни. И како по адет, момчињата ги лулаат девојките на специјално плетени лулашки.

Не можете ниту да претпоставите дека во современо село ќе станете дел од древен обичај „Крадење на невестата“. Во с. Баничан, покрај Гоце Делчев, ќе слушнете разиграна мелодија, ќе пробате од сончевата погача, ќе се воодушевите од уникатните носии стари 200 години и нема ни да приметите дека ви недостасува една девојка од групата. На заминување ќе добиете свадбено цвеќе и магичен букет за спомен.

Во музејот во Гоце Делчев пак ќе го разоткриете вековното културно наследство на регионот. Разнообразие од шари и мотиви во етно-дефиле.