Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Природа

Водопад

Колешински водопади

Под пазувите на планината Беласица, незамисливо е колку убавини можете да видите на едно место. Низ шумските патеки ќе го наслушнете жуборењето на реката Баба, а пред Вас ќе се појави најубавото уметничко дело на природата во овој крај – Колешкиот водопад. Никогаш не сте можеле да замислите дека ќе видите како слапови од вода ќе разбудат толку несекојдневни чувства во Вас. Ќе уживате во прекрасната симфонија која ја создаваат многубројните водени потоци, шумолењето на ветрот, шумолењето на лисјата под Вашите нозе, птиците во крошните на дрвјата.


Водопад

Смоларски водопади

Долж планинските патеки на импозантната Беласица ќе наидете на 300 скалила кои се единственото нешто што стои меѓу Вас и фасцинантниoт Смоларски водопад коj секако ќе ви го одземе здивот и ќе Ве остави без зборови затоа што вакво чудо на природата ниту сте виделе ниту ќе видите некаде на друго место. Покрај тоа на заминување, од локалното импровизирано пазарче, ќе можете да си купите: домашно слатко, планински мед и прекрасни сувенири. А на почивка, навратете кај фамилија Костови во село Смоларе. Одморете се и освежете се со чисти еколошки плодови од нивната градина.

Овде се и прекрасните Мокрински извори кои денеска останале без своите воденици кои во минатото ги имало во голем број. Подолу погледот ќе ви застане на пространото Моноспитско Блато кое воодушевува со своето богатсво на разновидна флора и фауна.

Повеќе од 60 % од регионот Гоце Делчев е прекриен со прекрасни пространи шуми i e дел од Националниот парк Пирин, а планината Славјанка е биосферен резерват. Овде природата извајала неверојатно извонредни дела - Синиот вир, каде што водата ги преобразила своите корита во каскади од вирови и водопади.

Уште не е јасно дали човек или природни сили ги создале огромните човечки глави во Градището покрај Долно Дряново или пак трагите од стапки се направени од некој древен бог.