Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Ден 6

с.Ковачевица - Р.Бугарија

с.Ковачевица - Р.Бугарија

Како ли се прават тапаните и кавалите? Во малата работилница во с. Дабница ќе ви ги откријат старите тајни на занаетот. Лештен и Ковачевица не смеете да ги пропуштите. Со зачуваниот традиционален изглед на куќите, тие се вистински туристички атракции.

Ако сте вистински турист, не ја пропуштајте Славјанка. Потоа ги следиме стапките, оставени во скалите од бестрашниот митски јунак Крали Марко, со иполитски раст и храброст, кој ослободил „три синџири робје“ .

с.Делчево - Р.Бугарија

с.Делчево - Р.Бугарија

Одиме во манастирот „Св. Георги“ во Хаџидимово и гласот на камбаната Ве подмладува за година. Чујте ја легендата и видете како сонот станува стварност, како две вери си подаваат рака во Божје име. Манастирот е три пати опожаруван, но иконата на светецот-воин останува негибната.

Најсончевото Село Делчево ќе ве пресретне со ладовината на буковата шума. Ставате ранци и одите на шумска прошетка. Се враќате изморени, а делчевските баби ве чекаат. Пред портите ќе ве закитат со здравец и ќе ве внесат во Јанчевата куќа или кај кметот. Каснувате од штотуку испечената баница, гравот кој клокоти на огништето на тивок оган и од делчевските компири со ненадминат вкус, и слушате песни од Пиринот.

с.Делчево - Р.Бугарија

с.Делчево - Р.Бугарија

Време е за тргнување. Догледање и дојдете повторно. Имаме уште многу убави загатки...