Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Ден 1

Гробот на Струма

Св. Богородица Елеуса

Во манастирот „Св. Богородица Елеуса“ во с. Вељуса ќе го најдете својот внатрешен мир и духовен спокој, времето ќе запре и надворешниот свет ќе исчезне. Само часовникот на кулата ќе ве потсети дека времето одминало и дека не се наоѓате во времето кога е изграден манастирот. Чудесните растенија и цвеќиња, кои го опкружуваат манастирот, ќе ве потсетат на Рајската градина. Монахињите кои живеат овде ќе ве пречекаат и ќе ве послужат со домашен сок, а ќе можете да си купите и нешто за спомен: ликер од лековити билки, рачно изработени вазни од керамика или пак икона со ликот на вашиот светец-заштитник.

Одиме понатаму до манастирот „Св. Леонтиј“ во Водоча. Овде ќе ја слушнете легендата за ослепувањето на Самуиловата војска, настан поради кој всушност и селото го добило името Водоча (вади очи).

Гробот на Струма

Гробот на Струма

На плочата поставена покрај Струминиот гроб, ќе ја прочитате легендата за предавството на убавата Струма, која поради клетвата на својот татко, по смртта 9 пати била исфрлана од гробот.






Гробот на Струма

Занаети

Во с. Добрејци ќе ги видите творбите на Милан и ќе ја откриете уметноста на уникатната древна техника „раку”, а пак во Струмица, Ленче од ателјето „Аманита“ во Струмица, ќе ви ги покаже своите волшебни витражи на стакло.

Повеќе и повеќе.