Културна загатка, Струмица - Гоце Делчев

Информатор

Содржина
Соработка
Ден 5

Баничан

Обичај - с.Баничан(Р.Бугарија)

А сега одиме на другата страна од границата - во Гоце Делчев. Заобиколен од 4 планини, над него гордо се издига Пирин, а долу кротко тече Места.

Гоце Делчев е една шарена цедилка, заврзана за врвовите на планините. Овде се воделе битки, јунаци чекореле по оваа земја. Едни носеле рушења и смрт, други граделе и создавале, но гордото чедо на Пирин секогаш опстојувало.

СПА Центар - Огнјаново

СПА Центар - Огнјаново

Во регионот на Гоце Делчев изборот за тоа каде ќе одседнете е многу богат: дали тоа ќе биде во угодни селски куќи за гости, мали семејни, поголеми хотели или хотели со спа-центри и минерална вода која подмладува - секако нема да згрешите.

Во Музејот во Гоце Делчев ќе го откриете вековното наследство, но сеуште живо и младо. Убави девојки во етно-дефиле со автентични носии ќе ви го израдуваат окото, a во музичката сала, Петар ги тера ѕвонците да пеат за старата слава на Неврокоп. Ќе пробате ли и Вие?

Музеј - Гоце Делчев Р.Бугарија

Музеј - Гоце Делчев(Р.Бугарија)

Ќе се почувствувате како на празник со жените во с. Брезница, кои што со насмевка плетат, предат, ткаат и пеат. Ќе научите како се спрема момин чеиз. Седнете и Вие за да видите и да почувствувате како се создава таа убавина.

Баничан е современо село, но луѓето овде чуваат живо наследство. Овде ќе пеете, ќе виете кршно оро, ќе бидете дел од обичаите „крадење на невеста“, „љубовен колач“, „китена лулка“...

За вечера Ве очекуваат во „Ванита“, „Орбел“, или пак во „Маламовата куќа“ со традиционални јадења, здравица, песни и ора. Дафина од Барото ги задоволува и најпребирливите со вкусни специјалитети и десерт со тајни сосојки.