
А сега малку во природа. Посетете го Габровскиот водопад и одморете се покрај убавите глетки и свежиот планински воздух.
Фамилија Костадинови с.Габрово
За ручек можете да отидете кај фамилија Костадинови во с. Габрово, кои ќе ви приготват вкусни традиционални јадења или пак во ресторантот „Подгорски Ан“. Што и да изберете нема да згрешите.
Во с. Банско, во близина на хотелот Цар Самуил, посетете ја Римската терма, доцноримско термоминерално лекувалиште од 3 и 4 век. Температурата на лековитата водa е 72оC. Доколку сте луѓе што сакаат нови и несекојдневни работи можете да пробате како атракција „јајце на бански начин“. Овде ќе ја видите и уникатната скулптурата на Меркур „заштитникот на патниците”, која е една од трите вакви скулптури во светот.
Римска терма с.Банско
Уште пред да им се приближите на дрвените мостчиња и куќички кај Моноспитовското блато, окото ќе ви потоне во зелената шир. Погледнете и откријте го целото разнообразие од растенија и животни, птици и инсекти, тоа богатство од разновидна флора и фауна.
Во Босилово посетете ја Собата на стари артефакти и предмети изработени од Блатото. Има многу што се види...
Моноспитовско блато - с.Моноспитово
И за крај, насладете си ја душата со убава македонска песна и со кршно оро. Членовите на КУД „Гоце Делчев” ќе ве вратат назад во минатото со познатото „Комитско оро“ и ќе ви ја доловат сликата на борбата на македонските јунаци за ослободување од турското ропство.