Цели на проектот
- Да се стимулира одржлива туристичка економија на прекуграничниот регион Гоце Делчев – Струмица преку промоција и ефективна употреба на културното наследство и човечките ресурси
- Да се охрабри ефективна и одржлива употреба на зачуваната природа и богатото историско и културно наследство на регионот Гоце Делчев – Струмица преку интензивна културна размена.
- Стимулирање прекугранична соработка и развој на локалниот капацитет преку вмрежување на владиниот, невладиниот и приватниот сектор од двете страни на границата за развој на еколошки и културни туристички производи и промоција на регионот Гоце Делчев – Струмица како атрактивно место за културен туризам, рекреација и опуштање.
- Подршка на развојот на локалниот капацитет за користење на Европските фондови и програми од двете страни на границата.
- Развивање и збогатување на малиот и средниот бизнис преку предложените туристички услуги и атракции во регионот и создвање на нови работни места во областа на туризмот.
- Развивање на туристички атракции и проекти кои ќе привлечат повеќе туристи на подолг рок и на тој начин повеќе финансиски извори во прекуграничниот регион.
Проектот има за цел да го искористи бугарското и ЕУ искуството за да му помогне на регионот да стане привлечна туристичка дестинација, со цел да се подобри социјалната положба на населението, да го стимулира претприемаштвото и да се зголемат знаењето и умешноста.